Претставен iMac - моќен дисплеј и брз како молња

Објавено на 15.10.2015 во Новости



Претставен iMac - моќен дисплеј и брз како молња

Apple ја претстави новата генерација на iMac компјутери. Најголемата новост е што сите модели имаат 4K резолуција, дисплеј од 21,5 инчи, брз процесор и RAM меморија, како и подобрена графика.

Екранот на новиот iMac изгледа побаво, со поживи бои од претодно, а Apple користел нова технологија кај новите 4K модели, која прикажува 25% повеќе примарни бои - црвена, зелена и жолта. Подобрената репродукција на бои е видлива и кај 5K iMac-от од 27 инчи. 

Најслабата конфигурација на iMac моделите доаѓа со quad-core Intel Core i5 процесор и 3.1 GHz, 8GB 1867GHz LPDDR3 RAM меморија, која може и двојно да се зголеми до 16 GB. Најскапите модели доаѓаат и со Iris Pro графика. Дизајнот е непроменет кај новите модели, што значи дека iMac-овите се уште се фасцинантно тенки и стилизирани. Apple ја подобрил само тастатурата, тракпедот и глувчето.





Прочитајте повеќе: