Само 5 проценти од корисниците на Mac бараат подршка

Објавено на 16.10.2015 во Новости



Само 5 проценти од корисниците на Mac бараат подршка

Корисниците на Mac компјутерите и лаптопите на Apple очигледно знаат што прават со своите уреди или пак, имаат навистина добар хардвер и софтвер бидејќи само 5 проценти од нив бараат корисничка подршка, за разлика од PC корисниците на Windows од кои дури 40 проценти постојано се јавуваат во центрите за подршка барајќи помош и совети.

Оваа статистика ја објави Флечер Певин од IBM кој вели дека компанијата со секој купен Mac заштедува многу бидејќи трошоците за корисничка подршка за минимални и имаат call центар од само 24 вработени. Спротивно од уредите на Apple со Microsoft е малку потешко бидејќи проценува дека Windows компјутерите и лаптопите имаат почести проблеми со хардверот и софтверот. 

Инаку IBM е официјален партнер на Apple и сигурно работат на взаемна корист, додека пак со Microsoft повторно се влезени во „студена“ војна, но бројките не лажат.

Автор: Aleksandar Stankov