Список со YouTube богаташите - заработуваат до 12 милиони

Објавено на 16.10.2015 во Новости



Список со YouTube богаташите - заработуваат до 12 милиони

Најпопуларните канали на YouTube станаа милионери во минативе години со помош на компјутери, камери и креативните идеи, ништо повеќе. Тие бројат милионски цифри на фанови од цел свет, како што се например Феликс Кјелберг, познат по својот YouTube прекар - PewDiePie.

Forbes неделава го објави првиот список на милионерите од YouTube, чија заработка е пресметана врз основа на податоците од аналитичките компании Nielsen, IMDB и други. Меѓутоа, заработката е без пресметан данок и другите давачки. Според Forbes, Pew Die Pie оваа година би требало да обрне дури 20 милиони долари, додека The Verge тврди дека таа сума нема да биде поголема од 7.4 милиони долари.

PewDiePie седи само пред својот компјуте и игра игри со часови, а подоцна ги коментира на интересен и смешен начин. Освен забавните видеа, лесната достапност на корисниците е тоа што најмногу им носи пари во споредба со познатите личности. После PewDiePie на второ место со најголема заработка од 8,5 милиони долари годинава се The Fine Brothers, кои стекнаа слава со вирални видеа и Smosh - ветеранското комичарско дуо, познато по видеата што ја исмејуваат поп културата. На списокот одозгора ви се достапни прогнозирањата за сите заработки на најпопуларните YouTube-ри.