Microsoft може со сила да ве натера да инсталирате Windows 10

Објавено на 16.10.2015 во Новости



Microsoft може со сила да ве натера да инсталирате Windows 10

Microsoft прави големи напори за корисниците да ја инсталираат најновата верзија на оперативниот систем Windows 10 која е бесплатна за легалните претходни верзии, па направи мал трик при кој во секоја надградба на системот без да забележите автоматски е вклучена и целосната промена со новиот софтвер кој зафаќа меѓу 3 и 6 GB.

Од компанијата се извинија за овој мал пропуст и велат дека ја „отштиклирале“ автоматската целосна надградба со Windows 10, па затоа внимавајте при доставата на новите надградби доколку сте се решиле да останете со Windows 7 или Windows 8.