FurniQi - смарт-маса за полнење смартфони

Објавено на 17.10.2015 во Додатоци



FurniQi - смарт-маса за полнење смартфони

Британската компанија Fonesalesman ја изработила масата FurniQi за полнење на батерии на смартфони. Уредот поддржува Qi стандард за безжично полнење на уреди, а се што треба да направите при користењето е да го ставите телефонот на кругот што изгледа како трага од чаша и полнењето веднаш ќе започне.

Компанијата Fonesalesman се обидува да собере 50.000 долари за да го финансира својто производ до крај и да започне со производство. Ќе произведува повеќе видови на масички, од кои прва на списокот ќе биде маса од бамбус. Сите што донираат може да добијат FurniQi маса за 120 долари.