Поранешниот шеф на Microsoft доби 4% сопственост во Twitter

Објавено на 17.10.2015 во Новости



Поранешниот шеф на Microsoft доби 4% сопственост во Twitter

Стив Балмер се пофали на својот Twitter профил дека добил 4% сопствеништво од втората најголема социјална мрежа на светот. Поранешниот шеф на Microsoft го пофали патем и новиот извршен директор на социјалната мрежа Џек Дорси за креирање на услугата Momets, како и неговите иновации во Twitter.

Тесшко е да прогнозираме која улога ќе ја игра Балмер во новата инвестициска приказна. Очигледно не сака да оди во пензија, бидејќи наводно влегол во спортските води и така купил бејзбол тим и основал инвестициски фонд заедно со Марк Пен, ветеран од Microsoft исто така. Откако Twitter официјално се поврза со твитот на Балмер, вредноста на акциите на гигантот пораснаа за 1,88%. 

Автор: Aleksandar Stankov