Српскиот стартап Strawberry го освои Лондон со соларни клупи

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Српскиот стартап Strawberry го освои Лондон со соларни клупи

Српскиот стартап Strawberry постигна вистински напредок со „освојување“ на Лондон како една од првите европски метрополи во која се поставени нивните смарт соларни клупи кои собираат сончева енергија и со неа може да ги полнат електронските уреди како смарт телефони и таблети.

На клупите се поставени различни приклучоци за кабли за полнење и покрај основната функција за седење на граѓаните, овозможуваат времето да се искористи и за „освежување“ на батериите на електрониката. Овој проект привлекува големо внимание и е најавено негово проширување. 

Извор: pozitiv.mk