Xiaomi го откри мини ховербордот Ninebot за само 315 долари

Објавено на 20.10.2015 во Новости



Xiaomi го откри мини ховербордот Ninebot за само 315 долари

Xiaomi заедно со Segway влегува во еден сосема нов бизнис и освен мобилна технологија сега ќе нуди и нов ховерборд Ninebot чија почетна цена изнесува само 315 долари. 

Ninebot mini има две тркала и жирскопски стабилизатор кој овозможува ротација и движење во просторот со голема прецизност, а нема волан или рачка за управување слично како скејтборд, но се уште далеку од замислата за ховерборд од научно-фантастичните филмови.

Со Ninebot ќе може да достигнете брзина од 16 километри на час, а со едно полнење на батеријата за што се потребни 4 часа да поминете цели 22 километри во движење. Пласманот на Ninebot е закажан за Кина, а од Xiaomi најавија наскоро и информации за заинтересираните корисници ширум светот.