iPhone - Facebook е виновен за брзо трошење на батеријата

Објавено на 20.10.2015 во Новости



iPhone - Facebook е виновен за брзо трошење на батеријата

Се повеќе корисници на iPhone се жалат низ форуми од апликацијата на Facebook, која е една од главните причини за брзото празнење на батеријата на телефоните. Не е проблемот само кога апликацијата се активира, туку и кога воопшто не се користи додека е исклучена опцијата за освежување на содржините на апликацијата во позадина. 

Програмерот Џонатан Здиарски работи како девелопер на апликации за iPhone и смета дека делумен за тоа е виновно следењето на локацијата на корисникот, поради што најголем проблем за корисниците е вклучената опција за споделување на локацијата. Девелоперот Мет Галиган пак вели дека поради начинот на кој е креирана апликацијата, Facebook нема да може едноставно да го реши овој проблем. 

Facebook постојано ја следи локацијата на корисниците за да има увид каде се движат, но и поради другите локациски сервиси и апликациите на социјалната мрежа - Messenger и Instagram. Со исклучувањето на опциите што работат во позадина за освежување на локацијата, нема да се исклучи опцијата за следење на локацијата, туку само симнувањето на нова содржина, но корисниците може да го ограничат користењето на локациски услуги само кога апликацијата се користи или може целосно да ги исклучат локациските услуги. 

„Доволни се огромните количини на аналитика во Facebook за да ви се испразни батеријата, без разлика дали ја имате исклучено опцијата за следење на локацијата“, додава Здиарски.

Проблемот го потврди и Facebook - свесен е дека луѓето имаат проблеми со батеријата кај апликацијата за iOS уреди и се надеваат дека брзо ќе биде решен. Од социјалната мрежа тврдат само дека проблемот не е во следењето на локацијата на корисникот.