NES полни 30г. постоење - пораснавме со овие конзоли

Објавено на 20.10.2015 во Игри



NES полни 30г. постоење - пораснавме со овие конзоли

Првата Nintendo конзола што излезе во Америка, позната како Nintendo Entertainment System (NES) се појави на 18 октомври 1985 година. Луѓето од цел свет го обожаваа NES, а на таа конзола се појавиле и првите гејминг хитови, 17 различни видео игри, како што се: Hogan’s Alley, Stack Up и Марио Брос.

Конзолата беше 8-битна и најпродавана во своето време, продадена во над 60 милиони примероци низ цел свет. Во Европа NES започна со продажба за прв пат во 1986 година. NES го наследи Super Nintendo Entertainment System, односно SNES.