Yahoo со голем договор за пребарување со Google

Објавено на 22.10.2015 во Новости



Yahoo со голем договор за пребарување со Google

Yahoo по пауза од 10 години повторно склучи партнерски договор со Google за добивање на резултати во пребарувачот од Google Search заедно со приказ на реклами и на декстоп и на мобилен, а при тоа ќе ги задржи и резултатите од пребарувањето преку Bing на Microsoft.

Новиот договор нема рок на траење и Yahoo има предност со тоа што нема обврска да му открива на Google какви се термините и трендовите на пребарување на Google и тие информации може да ги користи за свои цели.