AVG список - Android апликации што го камшикуваат телефонот

Објавено на 22.10.2015 во Новости



AVG список - Android апликации што го камшикуваат телефонот

AVG како компанија за безбедност на интернет објави список со Android апликации што предизвикуваат проблеми на смартфоните и ја забавуваат нивната работа. Апликациите се во две групи - првата ја сочинуваат апликациите одбрани од корисникот, а вторите се оние што автоматски се покренуваат без знаење на корисникот.

Најпроблематична апликација е Snapchat, кој го надмина дури и Facebook се забавувањето на телефонот, за кого пишувавме претходно. Конкретно се работи за истовремено користење на камерите, Wi-Fi/cellular податоци и GPS. Tumblr исто така троши многу ресурси, повеќе дури од Netflix и Spotify заедно. Од аспект на апликациите што автоматски работат во позадина, на прво место е Facebook, а потоа Google Play Services.

AVG истакнува дека целта не им е да шират паника кај Android-ците, туку да ги предупреди и да им укаже кои апликации ги оптеретуваат најмногу нивните смартфони.