Автопилотот на Tesla вози опасно и пребрзо!

Објавено на 23.10.2015 во Новости



Автопилотот на Tesla вози опасно и пребрзо!

Автопилотот на Tesla Motors е се уште во тест фаза, така што возачите мора и понатаму да ги држат рацете на воланот и да внимаваат на сообраќајот. Искуството на возачите потврдува дека Елон Маск е во право - автопилотот на Tesla не е подготвен за самостојно управување со автомобилите. Сопствениците на Tesla автомобили што ја активирале оваа опција, се жалат дека автомобилите возат опасно и премногу брзо, а еден возач рекол дека после излегувањето од автопатот во Портланд, автомобилот почнал да „танцува“ и за малку ќе бил исфрлен од коловоз. 

Така на YouTube е објавено видеото „Автопилотот на Tesla се обиде да ме убие“, при што се гледа како автопилотот премина кон левата страна и за малку ќе се удреше во автомобилот што се движи од спротивната насока. Друг таков пример е возачот од Флорида, чиј автопилот возел за 25км/ч повеќе од дозволената брзина. Така полицијата го сопрела и платил казна. Tesla Motors предупредуваат дека возачите се единствените одговорни за управувањето со автомобилот во моментот, затоа што автопилотот е оптимизиран само за возење на автопат.