Новиот Boomerang на Instagram - сличен како Live Photos

Објавено на 23.10.2015 во Новости



Новиот Boomerang на Instagram - сличен како Live Photos

Со оваа видео апликација корисниците може да снимаат неколку последователни фотографии, кои во облик на кратко видео, константно ќе се прикажува како GIF. Live Photos на iPhone е слична опција, која со секоја фотографија се снима и краток видео запис. Со Boomerang ќе направите многу забавни спомени, за кој не мора да се регистрирате, ниту пак да ги објавувате содржините креирани со апликацијата, туку тие се меморираат сами во телефонот, во облик на видео што трае најмногу 4 секунди. 

„Тоа не е фотографија. Тоа не е GIF. Тоа е Boomerang“, пишува на официјалниот блог.

Интерфејсот на апликацијата има две копчиња - за снимање и за свртување на камерата, а снимените видеа ќе може директно од апликацијата да се објават на Instagram или Facebook, односно да се споделуваат како порака на споменатите социјални мрежи или преку Viber. 

Новата апликација на Instagram - Boomerang е достапна за сите Android и iOS корисници.