Nokia ќе се активира со смарт часовници и фитнес алки

Објавено на 24.10.2015 во Новости



Nokia ќе се активира со смарт часовници и фитнес алки

Nokia донесе одлука да го прошири својот бизнис со новата категорија на „технологија која се носи“ мислејќи на смарт часовници и фитнес алки и на тој начин самостојно да настапи на пазарот.

Во минатото Nokia работеше на неколку вакви проекти но, по продажбата на мобилната дивизија на Microsoft сите планови беа прекинати. Сега откако помина доволно време Nokia може да го користи својот бренд за лиценци за смартфони, како и за сопствени часовници, алки и медицински монитори.