Nike Mag - легендарните филмски патики наскоро реалност

Објавено на 25.10.2015 во Новости



Nike Mag - легендарните филмски патики наскоро реалност

Компанијата Nike конечно потврди дека работи на патиките од филмот „Враќање во иднината“, кои ќе се нарекуваат Nike Mag.

На страницата на компанијата пишува дека механизмот за врзување на патиките автоматски ќе ги детектира движењата на лицето што ги носи, со цел да ја прилагоди јачината со која се стегнати врвките. 

„Најпрво започнавме со создавање на нешто што е само фикција, која сега полека се претвара во реалност и сигурно ќе им биде од голема корист на сите што се занимаваат со спорт“, соопштуваат од Nike.

Се открива дека овие легендарни филмски патики ќе се произведуваат во ограничено издание и ќе се продаваат на аукција, а парите ќе одат во Фондацијата за истражување на Паркинсова болест, во сопственост на Мајл Фокс, глумецот што ја толкуваше улогата на Марти во филмот „Враќање во иднината“.

Nike се уште не објавува дата кога ќе ги пушти во продажба патиките, но очекуваме дека тоа ќе се случи набрзо.