iPhone 6S со камерата ги победи Galaxy Note 5, G4 и Xperia Z5

Објавено на 25.10.2015 во Новости



iPhone 6S со камерата ги победи Galaxy Note 5, G4 и Xperia Z5

Android Authority направил анкетно истражување за најдобри фотографии, со цел да се утврди кој телефон има најдобра и квалитетна камера. Тоа било спроведено врз основа на приложени слики, фотографирани од сите смартфони, а корисниците ги посочувале без да знаат која од кој уред потекнува. 

Апсолутен победник е iPhone 6S, кој во анкетата ги победил Samsung Galaxy Note 5, LG G4 и Sony Xperia Z5. Во анкетата учествувале околу 8.000 луѓе, при што iPhone 6S победил со 38% од гласовите.

После телефонот на Apple следува Galaxy Note 5 со 33%, потоа Sony Xperia Z5 со 17% и на крај LG G4. Зацементираната позиција на новиот смартфон iPhone 6S очигледно никој не може да ја скрши и телефонот се уште останува на тронот и покрај сите напади и обвинувања според своите иновации, камерата и сите други алатки што ги содржи.