HTC ќе прави фитнес алка, но уште ќе чекаме

Објавено на 26.10.2015 во Новости



HTC ќе прави фитнес алка, но уште ќе чекаме

HTC по втор пат го одложува пласманот на преносните уреди од смарт часовници и смарт алки и планот на компанијата е да се активира дури на почеткот на 2016-та година. Тоа што засега е сигурно е дека HTC подолго време ја подготвува смарт фитнес алката HTC Grip која ќе може да се поврзе со телефон и да ги пренесе сите податоци.

Од друга страна пак смарт часовник од HTC се уште е само теорија бидејќи компанијата има поголеми грижи и нема доволен капацитет да се натпреварува со моќните конкуренти, но доколку нивниот почетен проект се покаже како успешен ќе се обидат и на ова поле, пренесуваат извори од HTC.

Автор: Aleksandar Stankov