Девојче продава комплексни лозинки за 2 долара

Објавено на 26.10.2015 во Новости



Девојче продава комплексни лозинки за 2 долара

11 годишната ученичка Мира Моди од Њујорк има сопствен интернет бизнис Diceware преку кој продава комплексните лозинки за 2 долари, а на купувачите им ги испраќа преку пошта. Таа ги креира лозинките со вртење на коцката за избор на зборот со одреден број за формирање на долги фрази кои немаат грамaтичка и логичка поврзаност, но се лесни за паметење, а тешки за пробивање. Моди е инспирирана од нејзината мајка која е новинар за ProPublica и поборник за заштита на приватноста на интернет.