„Стив Џобс“ пропадна на бокс офисот

Објавено на 26.10.2015 во Новости



„Стив Џобс“ пропадна на бокс офисот

Најновиот биографски филм за Стив Џобс со истоимен наслов не успеа да ја привлече публиката во кино салите и во првиот викенд од широкото кино прикажување заработи само 7 милиони долари што преставува апсолутен неуспех и има слична судбина како и филмот Jobs на Ештон Качер кој ако ништо друго многу подобро го одглуми ко-основачот на Apple со движењата, изгледот и гестовите. 

Слабата заработувачка е мало изненадување бидејќи за „Стив Џобс“ имаше огромни пофалби од критичарите за сценариото на Арон Соркин кој претходно работеше на „Социјална мрежа“ филмот за Facebook, како и за режијата на Дени Бојл кој освои Оскар. Исто така изведбата на Мајкл Фасбендер, Кејт Винслент и Сет Роген е одлично оценета и се предвидуваат и номинации за Оскар, но публиката едноставно нема апетит за филмот. 

Инаку Лорен Џобс вдовицата на Стив се противеше на снимањето на филмот бидеј тој речиси воопшто не се базира на неговата личност и го прикажува во погрешно и непотребно светло со конфликти и судири со неговите вработени, како и за проблематични односи со неговото семејство, а не е прикажана неговата топла и човечна страна.