Facebook се претвори во Google Now со информативни картички
Објавено на 27.10.2015 во Новости
Facebook воведе нова опција за мобилните апликации за Android и iOs за преглед на настани, личности и информации базирани на локацијата на која се наоѓате и треба сами да ја активирате за да може да ги прегледувате новите информативни картички слично како кај Google Now.
Со новите картички ќе добивате детали за тоа кој каде бил, ќе имате информации од страните кои ви се допаѓаат, страните кои се рекламираат, како и дополнителни елементи за временска прогноза, рецензии за посетени ресторани, закажани настани од ваши и нивни пријатели, вести и уште многу други.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.