Стив Балмер: „Најлудата работа што Microsoft ја направи“

Објавено на 27.10.2015 во Новости



Стив Балмер: „Најлудата работа што Microsoft ја направи“

Apple денес е најголема компанија на светот, стотици милиони луѓе се подготвени за јаболкото на iPhone, iMac и iPad да платат повеќе пари, отколку што би платиле кај конкурентите. Логото на јаболкото порано беше на работ на пропаст и тогаш шефот на Microsoft, Бил Гејтс му даде финансиска инекција од 150 милиони долари за да го спаси.

Пазарната вредност на Apple моментално изнесува околу 680 милијарда долари. Компанијата од Купертин се извлече благодарение на генијалноста на Стив Џобс и Microsoft. Потсетувајќи се на овие ситуации, Стив Балмер признава дека тоа е „најлудото нешто што Microsoft го направил“ и најголемата грешка на Гејтс. Инвестицијата на Microsoft била резултат на договор помеѓу компаниите во врска со лиценцирањето на производите, иако од Business Insider велат дека на тој начин Бил Гејтс се обидел да го избегне казнувањето поради монопол на пазарот. Од друга страна, потпишувањето на договорот бил најдобар потег што Џобс го направил, затоа што му обезбеди доволно пари и време да закрепне и да се издигнува повторно. 





Прочитајте повеќе: