Google Photos растура - 100 мил. корисници месечно

Објавено на 27.10.2015 во Новости



Google Photos растура - 100 мил. корисници месечно

Google Photos е своевидна надградба на Google+ Photos сервисот, кој има по 100 милиони активни корисници месечно. Тоа е импресивна бројка. Особено тоа што знаеме дека Google никогаш не можеше да биде на чекор со конкурентит во сегментот на социјалните мрежи, колку и да се трудеше. 

На официјалниот блог на Google е објавено интересно видео со пофалба за новите вредни податоци за Google Photos. Гигантот истакнува дека најфотографирано место во светот е Париз, потоа Њујорк и Барселона. Од животни најмногу се фотографираат кучиња, најбаран поим при пребарување на фотографии е „бебе“, итн. Погледнете го видеото одозгора, има многу интересни информации.