Новиот Oppo Neo 7 - стилизиран, со слаба машина

Објавено на 27.10.2015 во Новости



Новиот Oppo Neo 7 - стилизиран, со слаба машина

Oppo веќе се издигнува како мобилен производител, а тоа се гледа по дизајнерскиот стил на смартфоните што ги лансира. Ова е одлична вест за кинески производител, бидејќи тие се познати како најдобри плагијатори на премиум телефоните.

Така сега е лансиран новиот модел Neo 7, кој е стилизиран со тенко тело со дебелина од 7,6 милиметри, изработен од легура со магнезиум, а задниот дел е нешто слично со новиот iPhone 6S, односно задниот панел изгледа како огледало и му овозможува елегантен изглед, а вам ви дава чувство како да држите скап мобилен телефон во рака.

Oppo Neo 7 се одликува со 5-инчен дисплеј, резолуција од 960х540p, 4-јадрен Snapdragon 410 процесор со фреквенција од 1,2 Ghz, 1GB RAM меморија. Податоците кажуваат дека вниманието кај овој уред е насочено кон дизајнот повеќе, а послаба е машината под хауба. Како и да е, Neo 7 има 16GB внатрешна меморија и можност за овозможување на дополнителна меморија - слот за micro SD картичка. 

Задната камера изнесува 8 мегаписксели, со широчина на бленда од f2.0 и 5 мегапиксели предна камера. Батеријата располага со капацитет од 2420 mAh, што е добра цифра со оглед на тоа што процесорот нема многу да троши и помалиот дисплеј. Oppo Neo 7 функционира со Android Lollipop 5.1 и Color OS 2.1 скин, а чини 200 долари.