iPhone 6s според тестовите има слаб прием на антената

Објавено на 27.10.2015 во Новости



iPhone 6s според тестовите има слаб прием на антената

Герт Фролунд Педерсен од Универзитетот Алборг од Данска излезе со тестовите за квалитетот на прием на сигналот на антената на iPhone 6s кој излегува дека е под стандардите на висок квалитет. На тестирањето на 37 смартфони iPhone 6s е на самото дно на 30-тото место со прием од -93.0dBm во мрежа со френкфенција од GSM 900 која најчесто се користи за телефонски повици во Данска.

Тестот е спроведен во комора каде нема допир на радио бранови кои би пречеле во френкфенциите на антената, па затоа кога ќе правите повици со iPhone 6s на позатворени локации каде приемот е слаб ќе имате мали проблеми со сигналот што ја зголемува радијацијата и влијае на батеријата. 
 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: