Apple со iOs 9.2 не нуди апсолутно ништо ново

Објавено на 28.10.2015 во Новости



Apple со iOs 9.2 не нуди апсолутно ништо ново

Apple ја достави правата бета верзија на iOs 9.2 кој без оглед што носи нов број не носи ништо значително ново или подобро од претходниот софтвер и нуди само неколку мали поправки на поединечни багови во Safari за преглед на декстоп верзии на сајтовите при reload и подршка за активни екстензии.

Се друго во iOs 9.2 е исто, ниту пак одредени багови од iOs 9.1 како проблеми со нотификациите и контактите не се решени. Apple порано имаше навика долго време да ги тестира сите поединечни нови верзии на iOs кои речиси и да немаа багови, а големите надградби ги чуваше за навистина нови опции, додатоци и бонус опции кои подоцна беа додавани. 

iOs 9.2 за среќа се уште е во бета фаза и до финалниот пласман има доволно време да се направи нешто корисно, во спротивно Apple само ќе си ја наруши репутацијат.





Прочитајте повеќе: