Apple - историски продажен рекорд со iPhone 6S

Објавено на 28.10.2015 во Новости



Apple - историски продажен рекорд со iPhone 6S

Според најновите податоци за заработката од вчера, пресметани заклучно со септември годинава, Apple повторно бележи историска продажба и неверојатен раст на приходите. Во ова тримесечје Apple продал 48.04 милиони смартфони, што е за 39,27% повеќе во истиот период минатата година. Профитот во овој период пораснале за 22%, односно на 51,50 милијарди долари, што е за 8,47 милијарди повеќе. 

Apple за оваа заработка добил крила од одличната продажба на своите телефони, кои се заслужни за речиси 63% од целокупниот приход. Одличната продажба во Кина исто така се должи во голема мера на успехот на компанијата во Купертин, со тоа што Apple привлече голем број на Android корисници. Тоа се знае од податокот што 30% од кинеските купувачи користеле телефон со Android пред да купат iPhone. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: