Европа целосно го укина роамингот, пример за сите

Објавено на 28.10.2015 во Новости



Европа целосно го укина роамингот, пример за сите

Пратениците во Европскиот парламент гласаа за укинување на наплатата на роаминг во земјите членки на ЕУ со што беше потврдена директивата донесена од Европската комисија уште летоска. Граѓаните на ЕУ ќе може слободно да разговараат, да праќаат пораки и да користат мобилен интернет кога се наоѓаат во странство, а ќе плаќаат по домашните тарифи. 

 “Ова е крај на роаминг цените кои речиси ги пљачкосуваа корисниците, особено Британците кои плаќаа масовни сметки за роаминг и затоа за нас претставува огроман победа. Намалување на трошоците и олеснување на патувањето е суштината на Европската унија“, изјави славенички Катрин Бирдер пратеничката на европарламентот од Велика Британија за Гардијан.

На Балканот македонската Агенција за електронски комуникации учествува во преговорите за укинување на меѓусебниот роаминг и почетен договор е постигнат со Србија и Црна Гора, а се очекува да се придружат Босна и Херцеговина, Хрватска и Албанија кои работат на домашната регулатива.

Автор: Aleksandar Stankov