Wi-Fi тротоар со неверојатна брзина!?

Објавено на 29.10.2015 во Новости



Wi-Fi тротоар со неверојатна брзина!?

Компанијата Virgin Media ќе овозможи сурфање на интернет во центарот на англискиот град Чешам, со брзина од 166 Mbps. Веќе е започнато тестирањето, при што се градат специјални смарт Wi-Fi тротоари, кои ќе бидат решение за проблемот со безжичен интернет додека луѓето се шетаат на улица.

„Интернетот е срце на модерниот живот и одлично е што имаме ваква најмодерна мрежа во нашиот град“, изјавила парламентарната застапничка на градот, Шерил Џилијан.

Овој интернет е седум пати побрз од просечната брзина на интернет во Велика Британија, така што документ со големина од 634Mb ќе може да се преземе за само 35 секунди. Wi-Fi сигналот за интернет ќе се наоѓа под нозете на минувачите, за што се користат оптички каблови и супериорна DOCSIS 3 кабловска технологија за да се овозможи ултрабрз Wi-Fi сигнал со домет од 80 метри. Безжичниот интернет ќе го покрива центарот на градот и дел од најблискиот парк.

Автор: Aleksandar Stankov