Со Google Play Games ќе снимате и стримате игри

Објавено на 29.10.2015 во Android



Со Google Play Games ќе снимате и стримате игри

Google Play Games доби нова надградба со која љубителите на мобилните игри ќе може да се снимаат себеси со предната камера додека играат, а потоа видеата ќе може да ги монтираат и поставуваат на YouTube. Стримингот на видео игри станува се поатрактивен за гледање, како и за добивање на совети за преминување на тешките нивоа. Претходно и YouTube доби слична функција за стриминг на видео игри.