Официјално OnePlus X - Екстра смартфон во помало издание

Објавено на 29.10.2015 во Новости



Официјално OnePlus X - Екстра смартфон во помало издание

OnePlus го официјализираше својот прв „мини“ смартфон OnePlus X кој има 5 инчен Active Matrix OLED дисплеј изработен од Samsung кој исто така помогнал и во креирање на 13 мегапикселната ISOCELL камера на задната страна. OnePlus X како и неговите поголеми „браќа“ е замислен како убиец во премиум класата со екстра компоненти, ниска цена од 270 евра и врвна изработка со стакло и метална рамка.

OnePlus X работи со моќниот но, веќе застарен 32 битен Snapdragon 801 процесор со осум јадра, 3 GB RAM, 16 GB меморија со слот за мемориска картичка и LiPo батерија со капацитет од 2525 mAh. Пласманот на OnePlus X во Европа ќе започне на 5 ноември.