Видео: BlackBerry Priv е најбезбедниот Android смартфон
Објавено на 29.10.2015 во Новости
BlackBerry го лансираше најновото промотивно видео за хибридот BlackBerry Priv во кој се истакнати сите негови адути, а најважно од се е што смартфонот е убедливо меѓу набезбедните Androud уреди за заштита на приватноста и комуникацијата.
BlackBerry Priv нуди 5.4 инчен Quad HD дисплеј, супер камера од 18 мегапиксели со оптичка стабилизација на сликата и можност за снимање на 4K HD видеа, има батерија со капацитет од 3400 mAh, додека пак физичката тастатура на лизгање е една од најпрецизните и најбрзите.
Како на вас ви се допаѓа овој хибрид меѓу Android и BlackBerry кој ќе чини околу 700 евра.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.