Skype доби нови 3D Touch функции за iPhone 6s

Објавено на 30.10.2015 во iOs



Skype доби нови 3D Touch функции за iPhone 6s

Skype ја апдејтираше мобилната апликација за iOs со која се воведени нови функции и контроли во интерфејсот базирани на 3D Touch сензорот на iPhone 6s, слично како што претходно воведоа Facebook и WhatsApps. Сега Skype има три нивоа на приситсок на контроли на допир со кои се активираат различни делови од разговорот. 

Со лесен допир се појавува мал преглед на разговорот, со цел допир се активира поп-ап за пораката, а со силно притискање се појавува опцијата за започнување на видео разговор. Новата верзија на Skype за iPhone 6s може да се превземе од App Store.