Sony Xperia Z5 со безбедносна надградба на софтверот
Објавено на 30.10.2015 во Новости
Sony Mobile ја достави најновата безбедносна надградба на оперативниот систем која е дел од планот на Google речиси секој месец да се врши надградба за да се одговори на се почестите хакерски напади и пронаоѓање на слабости. Sony Xperia Z5 сега е целосно безбеден, вклучувајќи и надминање на ранливост од Stagefright малверот.
Што се однесува пак до целосна надградба на Xperia Z5 серијата со Android Marshmallow достапен е само експериментален ROM, па затоа корисниците ќе треба да се стрпат уште еден месец.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.