Очаен тест на издржливост со Nexus 6P

Објавено на 31.10.2015 во Новости



Очаен тест на издржливост со Nexus 6P

Квалитетот на изработк и употребените материјали се многу важни во сигурноста на смартфонот, особено со стаклениот дисплеј кој лесно се крши при пад или удар, како и оштетувањата на маската од секојдневни ситуации. Токму затоа на ред за тестирање дојде и најновиот Nexus 6P кој е многу привлечен и моќен смартфон, но за жал е лошо склопен и не го поседува потребното ниво на издржливост.

При тестот Nexus 6P се покажа очајно, лесно се гребе и многу лесно се превиткува, па погледнете сами и уверете се.