Google со нова друштвена мрежа за млади
Објавено на 31.10.2015 во Новости
Google ја промовираше првата верзија на друштвената мрежа Who`s Down чија главна цела е да ги поврзе младите луѓе кои ќе објавуваат дали се слободни за дружење и излегување, а во вашиот круг на пријатели лесно ќе пронајдете кој е расположен.
Секој корисник треба да објави за што е заинтересиран во текот на денот, на пример за пиење кафе, гледање филм, рекреација или пак излегување, а потоа се наоѓаат пријатели кои сакаат да ги вршат истите активности.
Google Who`s Down се уште нема голем број на можности за споделување слики и видеа како на Facebook, но претпоставуваме дека тоа ќе биде следниот голем чекор за освојување на пазарот. Who`s Down може да се превземе за Android и iOs.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.