Facebook на удар поради барањето на лична карта за идентитет

Објавено на 31.10.2015 во Новости



Facebook на удар поради барањето на лична карта за идентитет

Facebook ќе мора да ја промени политиката на приказ на вистинското име на корисниците и барање на потврда преку лична карта бидејќи голем број на организации за заштита на приватноста упатија тешки критики. Затоа Facebook ќе спроведе нов процес на докажување на идентитетот со објаснување на повеќе детали зошто корисникот сака да користи одредено име или прекар. 

Исто така ќе се воведе поголема контрола во процесот на пријава на „лажни“ профили каде има многу злоупотреби и некој можеби сака намерно да ви наштети. Тие што ќе пријават лажен идентитет ќе треба да приложат повеќе информации за наводната злоупотреба пред одреден профил да биде баниран.