Компјутер стикот на Intel работи и со Windows 10
Објавено на 01.11.2015 во Новости
Intel лансираше нова верзија на мини компјутер стикот кој сега работи со Windows 10 оперативен систем и чини околу 150 долари. Ова преносно стикче ви овзможува да добиете целосно функционален компјутер со било кој смарт телевизор или монитор.
Стикот на Intel работи со четири-јадрен процесор, 2 GB RAM, HD графика и 32 GB меморија што не го прави супер моќен за играње на модерни игри, но затоа пак е одличен за интернет и социјални мрежи, посета на веб страни, работа со апликации и користење на мултимедијални содржини.
Наредната година ќе биде лансирано поскапо, но и многу помоќно компјутерско стикче од Intel
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.