OnePlus X - црниот заводник

Објавено на 02.11.2015 во Новости



OnePlus X - црниот заводник

Со досегашните модели компанијата OnePlus привлече голем интерес кај корисниците, веројатно затоа што дава повеќе вредности за цената. OnePlus, како и другите кинески компании ги освои симпатиите кај купувачите со солидни и одлични хардвери, а најмногу со пристапните цени. Новиот OnePlus X не е најмоќен телефон на пазарот, туку е наменет за просечните корисници што не ги бараат најновите модели на процесори, снимање на 4K видеа и отпечатоци на прсти. 

„OnePlus X е телефон што треба да чини 500 долари, но неговата цена изнесува само 295 долари“, вака беше најавен новиот смартфон на кинеската компанија од The Verge. 

Се одликува со одличен и тенок дизајн, неговата рамка е тенка 0,69см, стилизиран од страните на рамката со сиви линии како iPhone и затоа сме сигурни дека ќе ви пружа големо задоволство кога ќе го држите во рака. Дизајнот е навистина неодолив, а тоа е очигледно и од сликите. Од овој аспект, OnePlus X нема промашување, има широчина од 6.9 см и должина од 14 см. 

Задната камера на OnePlus X е Full HD и изнесува 13MP, содржи блиц и автофокус, широчина на бленда f/2.2, додека предната камера е 8MP. Камерата може да фокусира на точното место што ви е потребно со допир на дисплејот, има неколку алатки за разубавување на сликите со ефекти и ќе ви биде од мерак, затоа што ќе ви прави убави спомени кога се фотографирате со најблиските. Можете да се сликате и ноќно време, затоа што има добар блиц, но нема да биде ист ефектот како дење.

Моделот се одликува со AMOLED дисплеј од 5 инчи и резолуција од 1920x1080 пиксели, 3GB RAM меморија, Qualcomm Snapdragon 801 процесор, Quad Core 2.3GHz, кој беше актуелен од минатата година, при што останатите хардверски спецификации треба да се издвојат и меморијата од 16GB може да се прошири со microSD мемориска картичка со капацитет дури до 128GB, но ако си купите, затоа што картичката не е вклучена во оваа понуда. 

Телефонот има Oxygen оперативен систем, со Android 5.1 кориснички интерфејс, 4G интернет, фиксирана батерија со капацитет од 2,525mAh, bluetooth: 4.0, GPS: GPS, A-GPS, GLONASS, итн. OnePlus X има можност за ставање две СИМ картички, сензор за гравитација, амбиентален светлосен сензор, сензор за близина, итн. Неговиот оперативен систем не е од најновите, но дефинитивно ќе ви биде добар за секојдневните обврски и нема да ве разочара.

Перформансите на OnePlus X се солидни и тоа никој не може да го порекне, затоа што пред вистината и боговите молчат. Можете во моментов да извршите преднарачка, која трае цел месец - од 31 октомври, до 28 ноември. Црниот заводник чини само 295 долари, затоа не мислете се премногу и кликнете на овој линк за нарачка. Два прста за убавецот? 

Автор: Aleksandar Stankov