HTC Desire 828 е првиот евтин смартфон со оптичка стабилизација

Објавено на 02.11.2015 во Новости



HTC Desire 828 е првиот евтин смартфон со оптичка стабилизација

HTC планира повторно завземање на средната класа со новиот HTC Desire 828 кој е прв од оваа серија на смартфони кој располага со 13 мегапикселна камера со оптичка стабилизација на сликата и еден од ретките кој може да се пофали со додаток кој претежно е резервиран за премиум класата.

HTC Desire 828 нуди и 5.5 инчен Full HD дисплеј, работи со осум-јадрен MediaTek MT6753 процесор, 2 GB RAM, 16 GB меморија, подршка за две SIM картички, 4G LTE конекција, батерија со капацитет од 2800 mAh и Android 5.1 Lollipop. Цената на HTC Desire 828 барем на азискиот пазар ќе изнесува 230 долари што е прилично евтино за овој бренд.