Зошто Google Doodle денес изгледа вака?
Објавено на 02.11.2015 во Новости
Почетната страница на Google денес е поинаква, а корисниците не знаат зошто се променил интернет пребарувачот. Google го направил тоа во знак на сеќавање на Џорџ Бул, англиски математичар и филозоф, кој во математиката и логиката го вовел поимот алгебра.
Бул е роден на денешен ден пред 200 години и поради примената на алгебрата во информатиката и математичката логика, се смета за еден од основачите на овие науки. Google Doodle всушност ја илустрира логиката, која се користи во компјутерското инженерство, изведена од функциите на Бул. Џорџ Бул починал во 1864 година, на 49-годишна возраст.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.