Sony дециден: Старите игри нема да се пренесат на PlayStation 4

Објавено на 02.11.2015 во Новости



Sony дециден: Старите игри нема да се пренесат на PlayStation 4

Sony е под голем притисок од јавноста да овозможи компатибилност со игрите од претходните генерации на конзоли со новиот PlayStation 4, но Џим Рајан претседателот на Sony Computer Entertainment Europe беше дециден дека такво нешто нема да се случи.

„Оваа опција постојано е дискутирана и е високо на листата на желби на гејмерите, но вистината е дека ретко се користи бидејќи штом се префрлите на конзолата од новата генерација и го видите скокот на технологијата, тогаш нема да сакате да се вратите назад, дециден е Рајан.

Претходно Microsoft се обврза за Xbox One да пренесе стотина најпопуларни видео игри од XBox 360 но, прашање е колку од нив ќе го имаат истиот квалитет. Секако, за тие со ограничен буџет е добро штом купат нова конзола да може да ги играат насловите кои веќе ги купиле претходно, но секоја генерација носи се подобри и подобри наслови.

Автор: Aleksandar Stankov