No.1 D3 - смартчасовник за 22 долари

Објавено на 03.11.2015 во Додатоци



No.1 D3 - смартчасовник за 22 долари

Кинеската компанија No.1 е позната по своите ултра-евтини продукти, смартфони и смартчасовници. Така часовникот D3 сега доаѓа на тапет со својот прекрасен дизајн и корисни дигитални алатки. 

Дизајнот му е таков што кога еднаш ќе го ставите на рака, ќе се вљубите во него. Се разбира, часовникот не се одликува со премиум дизајн и висока цена, туку ги поседува основните алатки потребни за секого. 

Важно е тоа што No.1 D3 е отпорен на удари и гребаници, убаво стилизиран, и екранот ви излегува ви пресрет така што брзо реагира кога ќе му дадете задача. Доаѓа во пет различни бои - бела, црна, небесно сина, розево-виолетова и зелена. 

No.1 D3 ги мери вашите отчукувања на срцето и пулсот, километража, брзина на трчање, часовник, чекори и истрошени калории. Има вградено камера за да можете да се сликате со вашите пријатели на поедноставен и поинаков начин. 

Часовникот има опција за вибрации за да ве масира, мери ултравиолетови зраци, временска температура, Bluetooth 3.0, компатибилен со Android оперативен систем и можете да слушате музика кога ќе го интегрирате со вашиот смартфон. Капацитетот на батеријата на D3 изнесува 380mAh и имате можност за ставање на microSD картичка од 16GB. Доколку сакате да го имате No.1 D3, чини само 22 долари и можете да го нарачате на овој линк.