Прво 4K HD тест видео од Lumia 950

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Прво 4K HD тест видео од Lumia 950

Microsoft се уште има ограничен пласман на двата најмоќни смартфони Lumia 950 и Lumia 950 XL, па се уште е рано за целосно тестови и анализи, но на интеренет е пласирано првото тест видео од камерата кое ја прикажува опцијата за снимање во 4K HD резолуција. 

Lumia 950 располага со 20 мегапикселна камера и има огромен капацитет за квалитетни слики и снимки, а во видеото во продолжение се гледа дел од тој потенцијал со стабилна слика, висока деталност и квалитетни бои со тоа што снимателот направил едноставни кадри без голема умешност.