Возење без раце - голем чекор кон иднината

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Возење без раце - голем чекор кон иднината

Научниците од американскиот универзитат во Невада неодамна направиле голем чекор напред со самостојните автомобили. Тие направиле рекорд со најдолго патување досега - 2.400км од Ногалес до Мексико Сити, со Volkswagen Passat од 2010 година. Автомобилот бил изменет и опремен со седум ласерски скенери, девет видео камери, седум радари и екстремно прецизен GPS уред. 

Водачот на проектот, Раул Ројас, ја вметнал целата рута во компјутерот што управува со автомобилот пред да тргне, па за време на возењето не ги ниту допрел воланот,  гаста и сопирачката. За преминувањето од една во друга лента, исто така управувал компјутерот, што значи дека ова е автономно возило во вистинска смисла на зборот. Единствениот проблем до кој дошол автомобилот, биле новите сообраќајни знаци исцртани на коловозот, но без оглед на тоа, автомобилот безбедно стигнал до својата крајна точка.