Microsoft ќе нуди легален Windows 10 со еден клик за пиратите

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Microsoft ќе нуди легален Windows 10 со еден клик за пиратите

Microsoft ќе се обиде на сите корисници кои имаат пиратска верзија на оперативниот систем на многу лесен начин да се „легализираат“ со тоа што ќе понуди надградба со Windows 10 со еден клик, но подоцна истата ќе мора да ја активирате и платитите во Windows Store по цена од околу 200 долари со што ќе бидете целосно обезбедени. Новата понуда наскоро ќе се активира во САД и доколку се покаже како успешна ќе може да се пренесе и во другите држави.