NO.1 A9 - теренец за екстремно-лоши услови
Телефонот NO.1 A9 е произведен за да го користите на премногу ниски температури, во премногу прашина, за под вода и ако сте мајстор па постои голема шанса за да го удрите. Телефонот не се жали ниту кога е под притисок, крши ореви без проблем, што значи дека ако чеканот ви се расипе, слободно користете го за сешто.
Мобилниот не е паметен, но затоа е силен и никој не може да го уништи. Има 2.4 инчен дисплеј во боја, отпорен е на вода, отпорен е на прашина и удари и стерео звучници за слушање музика. Доаѓа во две верзии: со црно-жолта боја и целосно црна боја, полн со страст и енергија.
Колоритен е, има свежи бои, добра репродукција на бои, што значи дека ќе имате прегледен дисплеј. Како телефон отпорен на вода има IP67 сертификат и без проблем може да издржи влажни услови или премногу прашина.
NO.1 A9 има силен сигнал, без разлика каде се наоѓате, дури и во најтешко пристапните терени. Кога разговарате со него се слуша одлично и немате потреба од слушалки за радиото, туку директно може да слушате од неговиот стереозвучник.
Има одлична светилка за ноќно време и долготрајна батерија со капацитет од 4800mAh, која е толку моќна што може да полни смартфони. Ако не го користите батеријата ќе трае 20 дена, а со нормално користење 14 дена.
Ве убедивме ли да го нарачате овој тежок теренец со цврста градба на телото? Батеријата, отпорноста на надворешни влијанија и светилката ги издвојуваме како негови главни предности.
NO.1 A9 чини 45 долари, ако сакате да го имате можете да го најдете на овој линк.