Vivo XPlay 5S го чува ѕверот со 4K HD дисплеј

Објавено на 03.11.2015 во Новости



Vivo XPlay 5S го чува ѕверот со 4K HD дисплеј

Vivo како мобилен бренд имаше добар пласман со најтенките смартфони на пазарот и откако помина атрактивноста на супер дизајните сега на ред е нов ѕвер кој сите ќе ги воодушеви и изненади. Станува збор за Vivo XPlay 5S со 6 инчен 4K HD дисплеј со што ќе биде само втор на пазарот покрај Sony Xperia Z5 Premium.

Vivo XPlay 5S ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 820 процесор од најновата генерација, надополнет со 4 GB RAM, 64 GB внатрешна меморија, 21 MP главна камера, 12 MP селфи камера и Android 6.0 Lollipop систем. Vivo XPlay 5S ќе биде готов до почетокот на 2016-та година и ќе чини околу 600 долари.