Најново видео од „вселенскиот брод“ на Apple

Објавено на 04.11.2015 во Новости



Најново видео од „вселенскиот брод“ на Apple

Секоја година се објавуваат по неколку видеа од напредувањето на кампусот на Apple, што се гради во Купертино. Огромниот комплекс ќе биде најголем деловен простор во светот, кој се простира на површина од 260.000 метри квадратни, со капацитет за 40.000 вработени. Погледнете ја конструкцијата, што изгледа како вселенски брод:

Планирано е објектот да биде завршен до крајот на 2016 година. Фановите на делата на Стив Џобс и производите на Apple едвај чекаат да видат каков уникат од градба ќе биде ова. Ова ќе биде една од најеколошките објекти во светот, а видеото е снимано од Данкан Синфилд. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: