Twitter ја замени ѕвездичката со срце

Објавено на 04.11.2015 во Новости



Twitter ја замени ѕвездичката со срце

Twitter ја промени опцијата со која означувате кога нешто ви се допаѓа, односно го фаворизирате, со знакчето на жолта ѕвезда. Ѕвездата е воведена од 2006 година, која сега се заменува со црвено срценце. 

„Ја менуваме нашата иконка на ѕвездичка во срце и ќе го викаме Лајк. Сакаме да го направиме Twitter полесен за употреба и знаеме дека ѕвездичките понекогаш се збунувачки, особено за новите корисници. Може да ви се допаѓаат многу нешта, но не може се да ви биде фаворит“, соопштуваат од Twitter.

Социјалната мрежа вели дека срцето е симбол што е познат кај сите јазици, култури и временски зони. Срцето ви овозможува изразување на низа емоции и полесно комуницирање со луѓето. Погледнете го промотивното видео на овој линк. Како ви се допаѓа новата заменета функција на Twitter, која е преземена од Instagram?